Македонските кикбоксери обезбедија два медали на Светското јуниорско првенство

фото: facebook/WAKO MACEDONIA

Македонската кикбокс репрезентација настапува на ВАКО Светското првенство за деца, кадети и јуниорски во Лидо Ди Једоло во Италија.

Репрезентацијата е предводена од претседателот на Кик Бокс Маи Таи федерацијата, Дејан Митровски – Урко, заедно со генералниот секретар Драган Атанасовски.

За ова СП силите ќе си ги одмерат 1924 натпреварувачи во 2566 пријави од 62 држави.

Јадранка Темелкова кај јуниорките во дисциплината лоу кик (-56 кг.) обезбеди бронза по победата над Николе Буљан од Хрватска, а за среброто ќе се бори против Канита Муминовиќ од Босна и Херцеговина.

Во дисциплината кик лајт кај јуниорите Нелсон Узеир (-89 кг.) обезбеди бронзен медал по триумфот над Винце Торок од Унгарија со 3:0.

Узеир во полуфиналето ќе се бори против Франческо Криваро од Италија и за најмалку сребро за нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот