Македонските каратисти со две финалиња на Светските Универзитетски игри во Самсун

Македонската карате репрезентација на Светските Универзитетски игри/фото: Bosko Zaborski

Македонската универзитетска карате репрезентација предводена од селекторот Бошко Заборски денеска во утринските часови успеа во елиминацискиот дел да обезбеди две финалиња, и тоа во дисциплината екипно борби за мажи и за жени.

Машкиот тим во состав Давид Петков, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Глигор Петков и Димитар Илиевски успеа во полуфиналната борба да ја победи силната екипа на Турција со резултат 3-2. Утре Македонскиот тим во финалниот дел ќе се бори за златниот медал, за противник ќе го има тимот на Јордан.

Да се потсетиме дека Македонскиот универзитетски карате тим на Европската универзијада која се одржа во Лоѓ, Полска во месец јули оваа година, исто така беше во финалето и тогаш го освои златниот медал. Сега оваа генерација на каратисти има можност да ја освои и светската титула во дисциплината екипно борби и со тоа да стане највисоко рангирана екипа во светот.

Женскиот карате тим денеска исто така во полуфиналната борба забележи победа, и беше поуспешен од екипата на Турција и победи со резултат од 1-0. Во финалето нашите девојки ќе се сретнат со силната екипа на Хрватска. За тимот настапуваат Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија Петровска и Моника Пендаровска.

Во поединечните настапи кои се одржаа збирно во првиот и вториот натпреварувачки ден, нашите спортисти успеаја да обезбедат четири борби за бронзениот медал кои ќе се одржат во петок на 30 септември.

За бронзени медали по поединечна конкуренција утре (30 септември) ќе се борат:

1. Давид Петков -67 кг

2. Ангела Мојсовска – 68кг

3. Викторија Јовановска – 61 кг

4. Марија Петровска -55 кг

На Светските универзитетски игри на Боречки спортови кои се одржуваат во Самсун, Турција пријавени се 1100 учесници од 300 светски универзитети од 50 држави.

Македонските каратисти во Самсун обезбедија две борби за освојување на бронзени медали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот