Македонските борачи на квалификацискиот турнир во Баку бркаат олимписка норма

фото: bfrsm.mk

Од денеска започнува европскиот олимписки квалификациски турнир во борење, кој се одржува во Баку, Азербејџан, во кој ќе настапат најдобрите македонски борачи во машка и женска конкуренција.

За олимписка норма, учество на Летните олимписки игри во Париз 2024 ќе се борат Вероника Рјабоволова, Владимир Егоров, Расул Шапиев и Магомедгаџи Нуров.

Слободен стил

– 53 кг Вероника Рјабоволова во прво коло против против Елнура Мамадова (Азербејџан)
– 57 кг Владимир Егоров против Илман Мукхатаров (Франција)
– 74 кг Расул Шапиев против Зураб Капраев (Романија)
– 97 кг Магомедгаџи Нуров против Раду Лефтер (Молдавија)

Репрезентацијата е предводена од тренерот Магомед Ибрагимов, и веќе 10 дена целата екипа е на подготовки во Баку.

На подготовките присуствуваше и борачот Ахмаф Магомедов, кој требаше да настапи во категоријата до 86 кг, но поради повреда на подготовките мораше да го откаже настапот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот