Македонските борачи Алили и Бислими петтопласирани на Светското У20 првенство во Јордан

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Македонскиот репрезентативец во борење Бесир Алили во категоријата 61 кг. од Светското првенство за младинци до 20 години во Јордан се враќа без бронзен медал.

Денеска Алили загуби во борбата за бронзата против Американецот Николас Пирс Боузакис со резултат 11:1.

Со 3 победи и 2 порази Алили се пласираше на петтото место од 24 натпреварувачи што е значителен успех.

Бесир Алили – Микола Ташохло (Украина) 14-11 квалификации
Бесир Алили – Емре Четин (Турција) 6-4
Бесир Алили – Рин Сакимото (Јапонија) 3-0
Полуфинале
Бесир Алили – Кумар Мохит (Индија) 6-8 (туш)
Борба за За бронза
Бесир Алили – Николас Пирс Бузакис (САД) 1-11

Шаќир Бислими се пласираше исто така на петтото место од 26 учесници во својата категорија 86 кг. Две победи со туш во репасажот го донесоа Бислими до борбата за бронзен медал, во која загуби од Бенет Кевин од САД со 11:0.

86 кг
Шаќир Бислими – Рахим Магамадов (Франција) 0-10 1/8 финале
Репасаж
Шаќир Бислими – Ваџим Бандарику (неутрален) 12-1 (туш)
Шаќир Бислими – Оразмухамет Хојалиев (Туркменистан) 12-4 (туш)
За бронза
Шаќир Бислими – Бенет Кевин (САД) 0-11

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот