Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски со сребро на Г1 турнирот во Букурешт

фото: Македонска таеквондо федерација

Нов медал за најдобриот македонски таеквондист на меѓународната сцена, Дејан Георгиевски се закити со сребрен медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија.

Георгиевски имаше три фуриозни победи со резултат 2:0 во рунди против Мануел Полет (Белгија), Андриј Харбар (Украина) и Емре Кталмиш (Турција).

Кталмиш е инаку еден од најдобрите таеквондисти на планетата, претендент за освојување злато на Летните Олимписки игри во Париз. Скоро цели две рунди нашиот Деки се бореше со повредена шака, известуваат од Македонската Таеквондо Федерација.

Георгиевски го откажа настапот во финалето, од тимот се надеваат дека снимката на шаката нема да покаже посериозна повреда.

– Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Георгиевски ни од блиску не е забележан од како Македонија е самостојна држава, за само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1 освои четири медали, по два златни и сребрени – пренесуваат од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот