Македонскиот репрезентативец Магдевски потпиша за Донар Гронинген

фото: kfsm.mk

Андреј Магдевски одлучи кариерата да ја продолжи во Холандија каде ќе ги брани боите на Донар Гронинген. Македонскиот репрезентативец до сега настапуваше за нашиот актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Претходно пред да се пресели во СЦ „Јане Сандански“ беше дел од белградски Партизан (Србија), шпанскиот Ринкон и Плоешти од Романија.

Холанѓаните објавуваат дека во 2021 година беше прогласен за најкорисен играч во Првата македонска лига, а сезонава има просек од 4,9 поени и 5,4 асистенции по меч.

Од Донар Гронинен воедно најавуваат дека најверојатно нашиот играч ќе дебитира в среда против Будивелник во ФИБА Европа купот.

– Го избрав Донар бидејќи тоа е голем клуб со одлична организација. Покрај тоа, сакам да играм за екипа со најголеми очекувања. Мојата цел за оваа сезона е да му помогнам на тимот да победи што повеќе натпревари, да освои што е можно повеќе трофеи и да ги израдувам навивачите – вели Магдевски за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот