Македонскиот кајакар Спасиќ во борба за Топ 10 на светската ранг листа

Македонскиот спуст репрезентативец Љубомир Спасиќ изминатиот период од 02.07 до 04.07.2021 учествуваше на три кола од светскиот куп во Бања Лука (Босна и Херцеговина).

На Светските купови учество земаа 150 натпреварувачи од 17 држави додека Љубомир Спасиќ настапи на два спринт натпревари на 600метра и еден класик на 5км во сениорска категорија.

На првиот спринт натпревар кој се одржа во Кањон Тијесно Спасиќ по првото возење се пласираше на 20 место, додека по второто возење се пласираше на 16 место на настап од 51 натпреварувач.

На вториот спринт натпревар кој се одржа во централното градско подрачје во Бања Лука Спасиќ по првиот настап се пласираше на 32 место, односно 33 место по второто возење од 54 натпреварувачи. Во класик натпреварувањето Спасиќ заврши на 39 место од 51 натпреварувач.

Моментално во генерален пласман на светската ранг листа Спасиќ е на 35 место и останува во борба за пласман во топ 10 со настапите на преостанатите 3 кола од Светскиот Куп во Франција и настапот на Светското првенство во Словачка. Повеќе ТУКА

На крајот на месец јули Љубомир Спасиќ заедно со Александар Златаров и Енис Небиовски ќе настапат на прво коло од Европскиот Куп во Италија на кое Спасиќ ќе проба да го повтори успехот од 2019 година кога во генерален пласман постана првиот освојувач на Европскиот куп од Македонија.

Во месец август тие ќе настапат и на Европското првенство за сениори во Шпанија на кое покрај поединечниот настап ќе настапат и во тимско возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот