Македонската репрезентација во Перм со Димитријевиќ и Ѓуроски

Фото: kfsm.mk

Точно навреме, во 08.00 часот, нашата најдобра селекција го почна патот кон Перм, со една цел – Македонија да заигра на уште едно Европско првенство.

Во комплетен состав, со Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски во тимот, сениорите се упатија кон аеродромот во Скопје, каде во 10.00 часот, со специјален чартер-авион ќе полетаат за Русија, поточно за Перм.

Ги чека долг лет нашите најдобри кошаркари кои на крајната дестинација. Според „редот на летање“ би требало да пристигнат во 20.40 часот по локално, односно 16.40 часот во македонско време.

Во текот на вчерашниот ден селекторот Александар Тодоров го објави конечниот список на играчи на кои ќе смета за останатите квалификациски натпревари.

– Добро, она што од најмногу стравувавме, двата теста за ковид-19 поминаа во најдобар ред. На двата теста сите играчи беа негативни. И патуваме за Русија со комплетен состав. Со еден исклучок, повредата на Марко Симоновски кој дојде на подготовките повреден на последниот натпревар на неговиот клуб во последното коло од нашето првенство. Можам да кажам дека сум задоволен. Направивме солидни подготовки во изминатите пет дена. Таму имаме уште два дена, што е малку. Меѓутоа повеќе во однос на останатите репрезентации, особено од нашата група од кои еден дел се собира дури в понеделник – рече Тодоров.

Тодоров го објави конечниот список за натпреварите во Перм

Стратегот на „црвено-жолтите“ вели дека дефинитивно проблем е пеколниот распоред во Русија, четири тешки мечеви во пет дена.

– Така процениле во ФИБА, така решиле. Ние треба да го исполниме. Тешко е, навистина е тешко, особено што веќе имав можност да играм со мојот клуб еден таков „балон“. Односно да играме четири натпревари во пет дена, каде што беше навистина тешко. Особено што во тие услови, како клуб, дури и можеш и малку да тактизираш. Да одмориш некого. Ова е сепак репрезентација. Сакале или не, мора на секој натпревар да одиш на максимум – додаде Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот