Македонската репрезентација со 23 медали во бразилска џиу џица
Изминатиов викенд Македонските БЏЏ репрезентативци под водство на Ивица Алексовски, селектор на нашата репрезентација, учествуваа на два силни меѓународни турнири.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во саботата на турниот „Abu Dhabi Pro 2019 CROATIA”, Македонија ја претставија девет од нашите најдобри репрезентативци. Вкупно освоија 10 медали од кои:
Златни медали:
Даниела Алексовска
Марко Петровски
Томи Блажевски
Ева Илиевска
Сребрени медали:
Стефан Пецевски
Михаил Поповиќ
Ева Илиевска
Бојан Манчевски
Дамјан Петровски
Бронзени медали: Вања Милевски
Исто така дел од натпреварувачите од турнирот во Хрватска учествуваа следниот ден на турнирот во Белград „FUTURE CHAMPIONS 2019”, кој е најдобриот турнир за деца до 18 години на Балканот и на кој оваа година учествуваа повеќе од 350 натпреварувачи.
На турнирот „FUTURE CHAMPIONS 2019” Проф. Алексовски предводеше 16 натпреварувачи. Нашите најмали шампиони извојуваа 13 медали од кои:
Златни медали:
Даниела Алексовска
Томи Блажевски
Дин Радончиќ
Ања Чивчиристовска
Марко Ристовски
Петар Цветановски
Никола Цветановски
Сребрени медали:
Дамјан Петровски
Александар Колевски
Ива Богдановска
Филип Митревски
Борјан Трпковски
Бронзени медали: Марко Петровски
Најмногу овој викенд се истакнаа Даниела Алексовска и Томи Блажевски со по 2 златни медали на двата турнири, Марко Петровски кој успеа да освои 1 златен и 1 бронзен медал и Дамјан Петровски кој се закити со 2 сребрени медали.
Алексовска во Загреб со своите 44 кг. мораше да се бори во – 57 кг. и двете борби ги заврши со зафат, а во Белград се бореше една категорија погоре (доброволно се пријави) и во финалето ја победи Сара Филич која пред една недела се го освои второто место на Европското Првенство во БЏЏ кое се одржа во Ирска.


