Македонија со 10 натпреварувачи на „Мавровскиот меморијал“

– Настанот се наоѓа на светската мапа за нордиско трчање, и затоа ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини – вели директорот на АМС, Каевски.

„Мавровски меморијал“ е спортска манифестација која го промовира едно од најубавите туристички атракции, Маврово. Натпреварот се одржува во спомен на 38. градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година.

Оваа година настанот ќе се одржи од 24-26 февруари на патеката Мирна долина, во Маврово, 57 ми пат по ред, информираат од Агенцијата за млади и спорт.

На прес-конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт зборуваше директорот Дарко Каевски, како и претставници од одборот за реализација на настанот.

– Овој настан се наоѓа на светската мапа за нордиско трчање. и затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот – рече Каевски.

Прочитајте и...  Корона идиоти - фудбалери на Севиља правеле забава во карантин, а фотографиите ги објави сопруга на еден од нив

Тој додаде дека АМС како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година.

На прес конференцијата зборуваше претседателот на Мавровскиот меморијал, Кочо Кирацов, како и селекторот на македонската репрезентација во нордиско трчање Ѓоко Диневски. Освен македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, а за прв пат имаме натпреварувачи од Швајцарија и Русија.

Во извонредно силната конкуренција, нашата репрезентација ќе настапи со 10 натпреварувачи, во чиј состав е секако и нашиот најдобар нордиец Ставре Јада, кој ќе има прилика да го потврди евидентниот напредок од последното Светско јуниорско првенство.

Прочитајте и...  Сопругата Ана е тајната на успехот на најдобриот напаѓач на светот, Роберт Левандовски

Прочитај повеќе

Корона идиоти – фудбалери на Севиља правеле забава во карантин, а фотографиите ги објави сопруга на еден од нив

Слободен печат

Новиот протокол за Серија А: Брзи тестови за корона, 300 луѓе на натпревар…

Слободен печат

Претседателот на Лион лут како рис: Се чувствувам како идиот

Слободен печат

Неверојатна сцена во Романија, министер даваше изјава облечен само по гаќи (ВИДЕО)

Слободен печат

На ПСЖ му здосадија игрите на Мауро и Ванда, си најде нов екстра напаѓач во Англија

Слободен печат

Сопругата Ана е тајната на успехот на најдобриот напаѓач на светот, Роберт Левандовски

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мајсториште, даде четири гола за 13. минути (ВИДЕО)

Слободен печат

Несторовски потврди имал разговори за трансфер во Црвена звезда

Слободен печат

Најцрниот ден во фудбалската историја: Поништен гол однесе во смрт дури 328 човечки животи (ВИДЕО)

Слободен печат

Јунајтед го отпиша Погба, на чекор од ангажман на шпански репрезентативец

Слободен печат

Голден Арт КЛ 7 се засили со две имиња освојувачи на Лига на шампиони

Слободен печат

Чикаго ни прати Плејбој зајачици ноќта пред натпревар

Слободен печат