Македонија освои 11 златни медали во бразилска џиу џица на турнирот Абудаби Про Србија
Одличниот настап на македонската репрезентација за бразилска џиу џица (Би-џеј-џеј) на турнирот Абудаби Про Србија, на кој се закити со 11 златни, пет сребрени и два бронзени медали беше причина за посета во куќата на спортот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Македонските натпреварувачи се бореа во неколку младински и сениорска возрасна група, во конкуренција на над 300 натпреварувачи од 24 држави. Најуспешен и секако најзабележителен беше настапот на 17-годишната Даниела Алексовска, која освои три златни медали, од нив два во конкуренција за возрасни Во финалето ја совлада противничката од Обединети Арапски Емирати, која е 16-та на светската ранг-листа и втора во Азија.
Златни медали освоија уште и Гораст Василевски (до 94 кг.), Марко Петровски (до 69 кг.), Стефан Пецевски (до 85 кг.), Ева Илиевска (до 95 кг.) во сениорска категорија, како и Тони Блажевски, Марко Трајковски, Антонио Трајковски и Петар Џатевски во различни возрасни категории до 18 години.
Меѓу 24 репрезентации, Македонија го освои третото место на поени, зад Србија и Босна и Херцеговина, додека во конкуренција на клубови, „Д Стронгест“ заврши на второто место, а Енсо џиу џицу осмото, од 32 пријавени клубови.
Со сребрен медал се закитија Ева Илиевска, Давор Метовиќ, (два сребрени медали), Леонид Димовски, Андреј Марков, додека пак бронза освоија Иван Милошев, Анџела Стамкова, Андреј Марков, Иван Милошев и Анџела Стамкова.


