Македонија од второто коло на патот кон Светскиот куп 2023

фото: КФСМ

По одигрувањето на последните натпревари од квалификациите за Европското првенство, станаа познати и сите учесници на европската зона од претквалификациите за пласман на Светското првенство во Индонезија, Филипини и Јапонија во 2023 година.

По Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка кои се квалификуваа во првиот круг од квалификациите, преостанатите осум места беа пополнети со уште осум селекции од квалификациите за ЕвроБаскет 2022.

По неуспехот да се квалификуваат на 41 издание на водечката манифестација во Европа, Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Македонија, Романија, Шведска и Швајцарија ќе го започнат патот кон Светскиот куп во 2023, од второто коло на Европските претквалификации, кои треба да се одржат во август 2021 година.

Овие 12 национални тимови ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две нации од секоја група.

Тодоров: Го загубивме натпреварот во првото полувреме

Датумот и распоредот на натпреварите, и ждрепката на групите ќе бидат потврдени во подоцнежна фаза. Директен пласман во квалификациите за Мундобаскетот обезбедија 24. селекции, учесници на Европското првенство.

Од вкупната бројка на учесници во квалификациите за Светскиот Куп-32, место во завршниот дел ќе обезбедат 12. европски репрезентации. Светскиот шампионат за првпат од постоењето, ќе се игра во повеќе различни држави во светот, односно во Индонезија, Филипини и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот