Македонија доби европски медалист во младинско таеквондо – Филип Блажевски се закити со бронза
Македонија вечерва доби европски медалист во таеквондо откако младиот Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел во категоријата под 80 килогами освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година во Приштина. На патот до подиумот, Блажевски постигна три победи обезбедувајќи еден од најголемите младински спортски триумфи за Македонија во 2025 година.
Препорачано
Во својата категорија, Блажевски имаше импресивен настап: во првата борба ја победи молдавската надеж Александру Манита со 2:0 (14:2 / 5:0), а во втората го победи украинскиот репрезентативец Олександар Јефимов, исто така со 2:0 (14:4 / 13:1). Во борбата за медал славеше против Французинот Ајман Бери со 2:1 (3:3 / 5:5 / 16:4), пред да загуби во четвртата рунда од Хрватот Оскар Ковачиќ со 2:0.
Блажевски беше под водство на помошник-селекторот Иван Крстевски и со својот настап покажа дека е сериозна олимписка надеж за Македонија, оставајќи силен впечаток на младинската европска сцена.
Преземено од: Sport.com.mk
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
46мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


