Македонецот беше најдобар во финалето, Ѓорѓиев освои титула со Љубљана

Одбојкарите на АЦХ Волеј Љубљана со пресврт до куп трофејот на Словенија/Фото: Alen Hadžić/odbojka.si

Еден од најдобрите македонски репрезентативци Никола Ѓорѓиев со екипата на АЦХ Волеј Љубљана стигна до трофејот во Купот на Словенија.

Во големото финале со резултат 3:2 во сетови 28:30, 20:25, 25:21, 25:17 и 15:11 АЦН Љубљана успеа да триумфира над Марибор.

Нашиот одбојкар Ѓорѓиев беше најдобар во финалето во кое доминираше со 27 поени. На спротивната страна со 31 поен најефикасен беше Ихбајри.

Ова е прва титула за Македонецот со овој клуб кој оваа сезона цели кон уште два трофеи, во првенството и Челинџ купот.

– Честитки до моите играчи, како и оние на Марибор. Гледавме еден одличен натпревар каде на крајот ние бевме посреќните. Многу сум горд што иако бевме во негатива од 2:0 во сетови, на крајот успеавме да направиме пресврт и да дојдеме до трофејот – рече тренерот на АЦХ Волеј Љубљана, Младен Кашиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот