Мајката на Лејди Гага напиша книга, пејачката со гордост ја промовираше (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Леди Гага важи за една од најпопуларните пејачки на светско ниво, а многупати низ различни интервјуа посочила дека мајка ѝ е нејзината најголема поддршка во животот.

Станува збор за Синтија Џерманота, која е исклучително успешна жена и амбасадор на Светската здравствена организација за ментално здравје на луѓето. Поседува свој ресторант во Њујорк, а од 2012 година седи на чело и на фондацијата „Родени вакви“, кое го формираа заедно со Леди Гага.

Фото: Инстаграм

Здружението е фокусирано на спречување на врсничкото насилство.

Иако има многу функции, таа никогаш не се експонирала во јавноста. Но сега, кога стана писателка и напиша книга, Леди Гага објави фотографии на социјалните мрежи, на кои позира заедно со мајка си, а во раце ја држат новата книга.

Фото: Инстаграм

Според коментарите на илјадниците следбеници на славната пејачка, ова е обид на Гага да ѝ возврати на мајка си за поддршката што ѝ ја дава сите овие години, а е поврзана со нејзината работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот