Мајка на седум деца го истетовирала целото лице: Понекогаш се тетовирам двапати неделно

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Велшанката Мелиса Слоан има 45 години, мајка е на седум деца и има многу тетоважи, а голем број се нацртани на нејзиното лице. Лицето и е целосно прекриено со тетоважи како срциња, рози, а место на образите се нашло и за англиското знаме.

Британскиот „Daily Record пренесува како Мелиса првата тетоважа ја направила на 20 години, а дека сега ги има толку многу, што ниту самата не го знае нивниот број. Но најмногу внимание, како што вели таа, привлекуваат тетоважите на нејзиното лице. Родителите на другите деца во училиштето секогаш покажуваат на неа со прст и ја озборуваат, а грди коментари добила и на социјалните мрежи.

„Каде и да се појавам, луѓето зборуваат. Секогаш е некоја драма. Тоа може да биде било каде, на улица, во трговски, луѓето секогаш чудно ме гледаат. Некои се драги и ги фалат моите тетоважи. Но некои ме прашуваат зошто ги имам во толкав број или ме гледаат чудно и ме прашуваат што правам од себеси“, признава таа.

Таа раскажа и што мисли нејзиното семејство за тетоважите:

„Имам седум деца, повеќето од нив се веќе пораснати, но тие мислат дека се супер. А мојата мајка секогаш ми зборуваше: „Мораш да бидеш своја. И јас токму тоа и го правам“.

Таа изјави дека првите тетоважи и ги направиле професионалци, но дека сега ја тетовира нејзиниот партнер во домот, понекогаш и двапати неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот