Маја Чанкуловска: Заштитните марами со дела од збирката на Националната галерија станаа хит (ВИДЕО)

Националната галерија на Република Северна Македонија изработи бандани, односно заштитни марами за лице со принт на уметнички дела, главно од врвни македонски сликари што предизвика огромен интерес кај публиката.

„Станува збор за бандани на коишто се аплицирани дела во сопственост на Националната галерија и таа акција се покажа исклучително успешна и популарна меѓу публиката од различни генерации. Таа беше направена спонтано и објавена на социјалните мрежи. Банданите беа распродадени за само еден ден, а сега очекуваме втора тура. Една од најпопуларните марами е онаа со делото на Спасе Куновски „Грипозна ноќ“, на кое што е претставен човек со маска, што има симболично значење во контекст на актуелната ситуација со пандемијата.

Потоа има марами со дела од авторите кои се врвни имиња од македонската современа уметност како Душан Перчинков, Симон Шемов, Нове Франговски, Петар Мазев, коишт можат успешно да бидат графички прикажани“, рече Маја Чанкуловска, виш кустос во Националната галерија во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Таа информираше дека Националната галерија веќе ја објави својата програма до крајот на годината, која поради условите со пандемијата е во намален обем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот