Лукаревска: Дури 245 работодавачи не ја исплатиле финансиската поддршка

Според неа, износот на финансиската поддршка се пресметува врз основа на процентот на намалување на приходот.

Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник, согласно работното време, на кое е пријавен работникот, изјави денес директорката на УЈП на прес-конференцијата на тема ,,Анализа на искористеност на мерката Финансиска поддршка за исплата на плата за месец ноември 2020 година“.

Според неа, износот на финансиската поддршка се пресметува врз основа на процентот на намалување на приходот.

– Дури 596 работодавачи кои што примија финансиска поддршка не ја исплатиле ноемвриската плата на 2.421 вработен, а заклучно со 31 декември, 245 работодавачи не исплатиле плата на 782 вработени. На сите нив им е изречена опомена пред присилна наплата – рече директорката на УЈП дополнувајќи дека кривичната одговорност е неопходна за ваквите фирми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот