Луфтханза се спаси, Берлин најголем сопственик

До сега најголем акционер беше германскиот милијардер Хајнц Тиле, кој се противеше на влезот на државата во Надзорниот одбор. Меѓутоа, како и останатите други акционери, и тој потоа го одобри пакетот помош, што пак пазарот го поздрави со скок на акциите за една четвртина.

Акционерите на Луфтханза на вонреден генерален собир го одобрија пакетот државна помош вреден 9 милијарди евра. Претходно Европската комисија одобри план за државна субвенција на Германија.

Според претходно утврдените услови за пакетот помош, Сојузна Република Германија стана нов акционер на Луфтханза со удел од 20 отсто.

Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Олаф Шолц изјави дека одобрувањето е добра вест за авио – компанијата, нејзините вработени и за Германија како работна дестинација.

– Сојузната блада со оваа финансиска помош ќе ја стабилизира оваа голема германска компанија која беше во добра кондиција и која поради влијанието од корона вирусот влезе во сериозни проблеми, вели Шолц.

Министерот за економија Петер Алтмаиер исто така реагираше на веста оценувајќи дека Луфтханза сега има перспектива и шанса да се фати во костец со најголемиот предизвик во својата историја.

До сега најголем акционер беше германскиот милијардер Хајнц Тиле, кој се противеше на влезот на државата во Надзорниот одбор. Меѓутоа, како и останатите други акционери, и тој потоа го одобри пакетот помош, што пак пазарот го поздрави со скок на акциите за една четвртина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот