Лудница во Силверстон, триумф на Хамилтон на три тркала

epa08580603 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas having a flat tyre during the 2020 Formula One Grand Prix of Great Britain at the Silverstone Circuit, in Northamptonshire, Britain, 2 August 2020. EPA-EFE/Andrew Boyers / Pool

Луис Хамилтон ја оствари третата победа во четвртата трка сезонава, овој пат на Силверстон.

Иако развојот на настаните на 50 од можните 52 круга во Силверстон на трката за Големата награда на Британија навестуваа дека ова ќе биде нова еден-два победа за возачите на Мерцедес, во последните два круга се случи вистинска лудница.

Хамилтон до 50. круг имаше сигурно водство, Ботас ја одржуваше предноста пред третопласираниот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен и се мирисаше на нова двојна победа. Но, прво во 50. круг му пукна левата предна гума на Ботас кој го загуби второто место, за во последниот крг истото да му се случи и на Хамилтон, му пукна левата предна гума.

Луис Хамилтон остана без лев преден пневматик
Луис Хамилтон остана без лев преден пневматик/EPA-EFE/Andrew Boyers / Pool

Причината за ова е тоа што возачите возеа со тврдите гуми 34 круга, додека се препорачува да не се вози повеќе од 30 круга.
Сепак, предноста на Хамилтон пред Ферстапен во последниот круг беше преголема, околу 30 секунди и успеа без едно тркало да го извозе кругот и да дојде до победата.

Ова беше седма победа за Ханмилтон на „Силвертсон“ и вкупно 87. во кариерата со што дојде на само четири трки од рекордерот Михаел Шумахер. Второто место му припадна на Ферстапен, додека како трет заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас е најголем губитник на трката за ГН на Британија бидејќи наместо втор поради пехот со пневматиците на крајот заврши како 11. и остана без освоен бод.

Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 88 бода, дури 30 повеќе од Ботас, додека Ферстапен е трет со 52 бода.
Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози наредната недела исто така на патеката Силверстон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот