ЛШ: Сè е подготвено за спектакл на „Бернабеу“, Манчестер сити бара одмазда против Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Лигата на шампионите се враќа со полуфиналните натпревари, денеска од 21.00 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид силите ќе ги одмерат Реал и Манчестер сити.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти не може да смета на долго повредениот Ферландо Менди и Едер Милитао кој собра картони, па покрај Карвахал, Алаба и Ридигер, треба да игра Камавинга. Од другата страна го нема Нејтан Аке кој ќе биде заменет од Џон Стоунс или Кајл Вокер.

Според многумина ова е како „финале пред финалето“, минатата година Реал го совлада Ливерпул во финалето со голот на Винисиус, но ништо од тоа немаше да се случи доколку Родриго не го направеше еден од најголемите пресврти во историјата на фудбалот.

Лани овие две екипи се сретнаа и во полуфиналето и тогаш Сити го доби првиот меч во Англија со 4:3. Потоа поведоа со 1:0 во вториот меч со голот на Марез, а Родриго со головите во 90 и 91 минута се избори за продолженија во кои Карим Бензема постигна гол од пенал за „кралскиот клуб“.

Сега ситуацијата е поинаква, Реал не ја има најдобрата сезона и е многу далеку зад Барселона во „Ла Лига“, иако неодамна освоениот „Копа дел Реј“ им го подигна расположението. Од друга страна, тимот на Пеп Гвардиола го фати моментумот кон крајот на сезоната и има одлични резултати. Го совладаа Арсенал во директен дуел за титулата 4:1 и сега се на чекор до нова титула во Премиер лигата, ќе играат и финале во ФА купот против Манчестер јунајтед.

Де Брујне, Едерсон, Вокер, Фоден, Халанд и Алварез сакаат да му го донесат на Гвардиола трофејот што му недостасува долго време. Доколку сакаат да успеат, мора да поминат преку Модриќ, Бензема, но и големиот стратег Анчелоти.

Анчелоти ги израдува навивачите на Реал пред полуфиналето во ЛШ со Манчестер Сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот