Анчелоти ги израдува навивачите на Реал пред полуфиналето во ЛШ со Манчестер Сити
Реал Мадрид и Манчестер Сити утре од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се сретнат во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Препорачано
На денешната прес-конференција тренерот Карло Анчелоти објави добри вести за навивачите на „кралевите“. За полуфиналето против „граѓаните“ италијанскиот стратег на располагање ќе го има Лука Модриќ кој беше неизвесен за настап поради повреда.
„Модриќ нема никакви проблеми ќе може да игра“, одговори Анчелоти на новинарското прашање.
Очекувано, Италијанецот доби прашање и за Ерлинг Халанд кој игра во фантастична форма и неодамна постигна рекорд по бројот на постигнати голови во Премиер лигата. Анчелоти сепак смета дека во тим како Сити не може да се издвои еден играч.
„Секако дека Халанд е опасен, но не е само тој. Манчестер Сити е фантастичен тим кој игра одлично. Важни секако се и мотивацијата и ентузијазмот. Освојувањето на титулата во Купот на Шпанија добро ни дојде пред овој натпревар“, истакна италијанскиот тренер.
Ќе потсетиме, патникот во финалето од вториот полуфинален дуел ќе се бара од пресметката помеѓу градските ривали Интер и Милан.


