Лотар Матеус: Тоа беше фарса – Халанд повеќе ја заслужи „Златната топка“ од Меси

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Германската фудбалска легенда Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд ја заслужил „Златната топка“ повеќе од Лионел Меси: „Тоа беше фарса“.

Добитникот на „Златната топка“ во 1990 година, не беше среќен што Меси ја освои престижната награда по осми пат во кариерата во понеделникот.

Халанд се снајде подобро од Меси цела година – изјави 62-годишниот Матеус за „Скај Германија“, цитиран од „Ла Гаѕета дело Спорт“.

– Оваа награда не е заслужена и докажува дека Светското првенство брои повеќе од сè. За мене никој не беше подобар од Халанд, тој беше најдобар во последните 12 месеци. Со Манчестер сити освои важни титули, поставувајќи рекорд по голови. Тоа беше фарса, дури и ако отсекогаш сум бил фан на Меси – вели Матеус.

„Златната топка“ и осми пат во рацете на Лионел Меси

Германецот ја освои и Златната топка откако ја предводеше својата земја, тогашна Западна Германија да ја освои титулата на СП 1990 во Италија. Поранешната ѕвезда на Интер постигна 53 гола во 153 настапи со миланските „нераѕури помеѓу 1988 и 1992 година.

Тој ја освои титулата во Серија А во сезоната 1988-89, и Купот на УЕФА, сега Лига Европа, во 1990-91.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот