„Златната топка“ и осми пат во рацете на Лионел Меси

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

На церемонијата во Париз вечерва како и што се најавуваше Лионел Меси беше прогласен за најдобар играч во изминатата година.

Аргентинскиот фудбалер успеа да ја победи конкуренцијата и по рекорден осми пат да стигне до престижното признание. Најголем конкурент вечерва на Меси му беше Норвежанецот, Ерлинг Халанд кој сепак остана зад него. Напаѓачот на Манчестер Сити мораше да се задоволи со наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Халанд во изминатата сезона беше предводник на нападот на Манчестер Сити со кој освои се што можеше да се освои, додека главната причина поради која Меси ја доби „Златната топка“ е успехот со Аргентина на Светското првенство во Катар.

Кристијано Роналдо кој долги години беше главниот ривал на Меси за „Златната топка“ сега е далеку зад Аргентинецот со пет освоени во кариерата.

Oд останатите награди англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал, Џуд Белингам беше прогласен за најдобар млад играч за 2023 година, голманот на Астон Вила и Аргентина, Емилијано Мартинез го доби признанието за најдобар голман. 

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Фото EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот