Лоша најава за мундијалскиот сон на Нејмар, Анчелоти не го повика за натпреварите со Хрватска и Франција
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти го објави најновиот список на играчи за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска, кои ќе бидат последни тестови пред Светското првенство во фудбал.
Препорачано
Искусниот стратег во последните месеци направи бројни промени во составот, со оглед на огромниот избор на квалитетни фудбалери што ги има Бразил ширум светот. Сепак, на списокот повторно го нема Нејмар, кој се надева дека ќе добие шанса да настапи на Мундијалот, но според овој список италијанскиот стратег засега не му верува.
Од друга страна, повик доби младиот талент Ендрик од Олимпик Лион, а во нападот се најдоа и низа одлични играчи кои го прават офанзивниот ред на Бразил исклучително силен.
Голмани: Алисон Бекер (Ливерпул), Бенто Матеус (Ал Наср), Едерсон (Фенербахче).
Одбрана: Алекс Сандро (Фламенго), Бремер (Јувентус), Данило (Фламенго), Даглас Сантос (Зенит Санкт Петербург), Габриел Магалаеш (Арсенал), Роџер Ибањез (Ал Ахли), Лео Переира (Фламенго), Маркињос (Пари Сен Жермен), Весли (Рома).
Среден ред: Андреј Сантос (Челси), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Данило (Ботафого), Фабињо (Ал Итихад), Габриел Сара (Галатасарај).
Напад: Ендрик (Олимпик Лион), Габриел Мартинели (Арсенал), Игор Тиаго (Брентфорд), Луис Енрике (Зенит Санкт Петербург), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона), Раjан (Борнмут), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Жоао Педро (Челси).
Натпреварите меѓу Бразил и Франција, односно Хрватска, ќе се одиграат на 26 март во Бостон и на 31 март во Орландо. Тоа ќе бидат последните проверки пред Анчелоти на 18 мај да го објави конечниот состав на „кариоките“ за Светското првенство.


