Фото: Промо

„Љубов“: Марија Данева и „Стенд бај бенд“ ја промовираа својата прва песна

Македонската пејачка Марија Данева која публиката ја препознава по моќниот вокал и фантастичните ноќни забави заедно со „Стенд бај бенд“, одлучија на македонската јавност да и го подарат своето првенче, вчера ја промовираа песната „Љубов“.

„Љубов“ е авторско дело на Сашо Стојановски (свири на тапани во бендот) во делот на музиката и текстот додека аранжманот е на Бобан Василевски. Песната си доби свој видеозапис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје.

Фото: Промо

„Создадовме песна и спот со многу љубов, самата енергија додека ја снимавме песната, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот, синергијата помеѓу сите нас се еден одличен показател кој говори дека сме направиле вистински избор на песна како наше првенче“ – изјави Марија Данева на промоцијата и најави поголема активност со својот бенд на македонската музичка сцена.

Песната си доби свој видеозапис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје. Се работи за моќна динамична песна во поп рок стил, со рефрен кој освојува.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот