Листа на 10 машки и женски најпопуларни имиња во Европа
„Еуроњус калчр“ (Euronews Culture) објави листа на најчести имиња во 30 европски земји.
Препорачано
Кога станува збор за земјите членки на ЕУ, името Ноа е најчестиот избор за новородените момчиња. Се наоѓа на првото место во шест земји: Германија, Белгија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.
Во Чешка, името Јакуб е омилено меѓу родителите на момчињата, Норвежаните и Словаците најчесто го избираат името Јакоб, а Јурај е број еден во Грција. Во Бугарија се хит варијациите како Георги или Георгиос.
За девојчињата најчест избор е името Мариа (Марија). Во Бугарија, Кипар, Финска и Португалија родени се повеќе Марии отколку во која било друга земја. Во Романија често се спомнува Ана-Мариа.
Следува Ема, име популарно во Луксембург, Малта, Холандија и Словачка, додека Миа е најпопуларното женско име во Хрватска, Естонија и Швајцарија. Софија, односно Софиа, е водечко женско име во Латвија и Литванија.
Листа на 10 најчести имиња за момчиња во Европа:
– Лукас
– Александер/Александар
– Оливер/Оливие
– Мухамед
– Ноа
– Елиас
– Матео
– Габриел
– Даниел, Лиам, Венџамин
– Рајан, Мартин, Давид (Дејвид), Лео, Адам, Теодор, Виктор
Листа на 10 најчести имиња за девојчиња во Европа:
– Софија/Софиа
– Хана
– Марија/Мариа
– Изабела
– Амелија
– Јасмина
– Ема
– Емилија
– Сара
– Елизабета
Податоците се добиени од статистичките заводи на земјите вклучени во истражувањето.


