Лили има Даунов синдром и штотуку ја доби главната улога во новата романтична комедија на „Hallmark“

Фото: Инстаграм

„Hallmark“ ќе снима романтична комедија во која главната улога ќе ја толкува актерка со Даунов синдром. „ET“ пренесува дека филмот ќе го носи насловот „Color My World With Love“, а главните улоги ќе ги толкуваат Лили Д. Мур (позната по улогата во хитот на „Netflix“ – „Never Have I Ever“) и Давид ДеСанктис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily D Moore (@lilydmooreofficial)


Лили ќе го толкува ликот на Кендал, надарена сликарка со Даунов синдром која ќе се заљуби во Бред. Заљубеноста ќе го загрижува нејзиното семејство кое стравува дека Кендал ќе заврши со скршено срце.

Тука во приказната ќе влезе и Ник (Бенјамин Ајрес), пријател кој ќе и помогне да ја убеди мајката на Кендал дека нејзината ќерка на 22 години е подготвена да ги носи сопствените животни одлуки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily D Moore (@lilydmooreofficial)

„Hallmark“ сака разновидни содржини

„Секој сонува дека ќе се заљуби и ќе се венча еден ден, па дури и лицата со инвалидитет. Се надевам дека гледачите ќе сфатат дека овој филм зборува за сликањето на сопствените животни приказни и за тоа дека сите ние имаме бескрајни можности“; изјавила 18-годишната Мур на која ова ѝ е прва главна улога во филм досега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily D Moore (@lilydmooreofficial)


„Hallmark“ со овој филм сака да ги диверзифицира своите содржини, а филмот ќе биде прикажан кон крајот на годинава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily D Moore (@lilydmooreofficial)

Видео на денот