Лига на Европа: Динамо Загреб без Адеми го пречекува Рапид

Адеми поради повреда нема да биде дел од тимор на Динамо Загреб/ фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот шампион Динамо Загреб вечерва на „Максимир“ игра против Рапид Виена во рамки на четвртото коло во Лигата на Европа, но тренерот Крзнар нема да може да смета на капитенот, Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец поради повреда на глуждот нема да настапи на вечерашниот натпревар во кој Динамо со евентуална победа ќе направи исчекор во освојувањето на второто место на табелата, но затоа тука ќе биде капитенот на „црвено-жолтите“, Стефан Ристовски.

Динамо, Рапид и Генк имаат по три бода на табелата во групата Х, додека лидер е Вест Хема со максимални девет бодови.

Екипата на Наполи чиј член е Елиф Елмас ја очекува тешко гостување кај лидерот на табелата во групата Ц Легија Варшава.
Тренерот на Наполи, Лучано Спалети за вечерашниот натпревар нема да може да смета на повредените Фабијано Руиз, Лоренцо Инсиње, Виктор Осимен и Костас Манолас, но се очекува во првиот тим да се најде Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот