Лига Европа: Елмас и Адеми ги очекуваат ривалите во нокаут-фазата

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Со почеток од 13.00 часот во седиштето на УЕФА, Нион, ќе се одржи ждребот за 1/16 финалето во Лига Европа, а помеѓу 32 екипи ќе се најдат и двајца македонски репрезентативци, Елиф Елмас со Наполи и Аријан Адеми со Динамо Загреб.

Има вкупно 16 носители и исто толку неносители. Помеѓу носителите се победниците од 12 крупи во ЛЕ (во ова друштво се наоѓаат токму Наполи и Динамо Загреб) и четирите најдобри третопласирани од групите во Лигата на шампионите, додека неносители се второпласираните од Лига Европа и четирите најлоши третопласирани од ЛШ.

Клубовите кои беа во иста група во Лигата на Европа не можат да играат еден против друг, а правилото важи и за клубовите од иста земја. За Динамо тоа значи дека не може да го извлече австрискиот Волфсбергер, а Наполи не може барем во овој дел од нокаут фазата со Реал Сосиедад.

Поради чувствителни политички прашања, нема да можат да се сретнат меѓу себе клубовите од Русија и Украина. Носителите ќе бидат домаќини на реванш средбите на 25 февруари 2021 година, а првите натпревари од 1/16 финалето се на 18 февруари.

Лига Европа, 1/16 финале –

Носители: Милан, Арсенал, Ајакс, Клуб Бриж, Динамо Загреб, Хофенхајм, Лестер, Баер Леверкузен, Манчестер јунајтед, Наполи, ПСВ, Ренџерс Рома, Шахтјор, Тотенхем, Виљареал.

Неносители: Антверп, Бенфика, Брага, Црвена звезда, Динамо Киев, Гранада, Краснодар, Лил, Макаби Тел Авив, Молде, Олимпијакос, Реал Сосиедад, Салцбург, Славија Прага, Волфсбергер, Јанг Бојс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот