Летна маска за лице – Евтина а максимално делотворна, пробајте ја уште денес!

профимедиа

На кожата во текот на летниот период и е потребна ревитализација, бидејќи сонцето ја суши, а кремите за сончање ја прават поподложна на акни.

Наместо овој проблем да го решавате со скапи препарати, зошто да не направите маска од сезонското овошје? Пазарите во моментов се богати со сливи, а тие се извор на витамини А, Ц, Б, Е, калиум, железо, магнезиуум, цинк, фолна киселина, ниацин…

Киселината од ова овошје го зголемува нивото на колаген во кожата, бидејќи делува како пилинг. Поради високата содржина на вода ја хидрира, а аскорбинската киселина спречува појава на акни. Витаминот Е ја подобрува еластичноста и ги ублажува порите.

Маската се прави брзо и лесно се нанесува. Добро измијте три поголеми сливи, исчистете ги од семката и испасирајте ги. Ставете ја смесата на исчистено лице, кое претходно неколку минути сте го пареле над врел чај и оставете ја маската да делува 20 минути.

Измијте го лицето со млака вода и ставете крема за лице. Ефектот е посилен доколку на сливите им додадете лажица мед. Маската ставајте ја два пати неделно и кожата ќе ви биде посвежа, почиста и посјајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот