Лепа Лукиќ ги исфрлила сопругот и љубовницата голи од спалната соба: „Расплакана и без облека ме молеше да сторам нешто“
Познатата српска пејачка Лепа Лукиќ по бракот со Тома Лукиќ, со кој како што самата рече, живеела во пекол поради неговата љубомора, во 1977 година се омажила за тогаш успешниот менаџер Владимир Перовиќ, пишува „Стил“.
Но иако мислела дека овој пат направила добар избор, по седум години брак, се разведоа поради прељуба.
„Реков дека десет дена ќе пеам во странство. Ме возеше до аеродромот. Бакнеж, бакнеж. Јас наводно заминав, но се вратив истата вечер. Ги најдов опуштени во спалната соба. Ги исфрлив голи. Ме молеше да и дадам облека, но јас не и дадов. Таа истрча плачејќи. После тоа и ја фрлив гардеробата по скалите и ја избркав“, изјавила пејачката во едно интервју.
Како што тогаш објавија медиумите, Перовиќ тврдел дека целиот свој имот и го оставил на пејачката, а останал со два автомобили и 200 одела.
Инаку, Тома Лукиќ и беше прв сопруг, а неговото презиме го чува до денес. Лепа порано се викаше Лепава Мушовиќ. Како што кажа и самата, од него и останало уште нешто – лоша навика, а тоа е страста за коцкање.
Лепа без криење призна дека се омажила за Тома на рана возраст. Меѓутоа, само неколку години подоцна започнаа проблеми кои не можеа да се надминат.
“Бев многу млада кога се омажив за него. Тоа беше време на младост и лудило. Во текот на нашиот брак, тој беше многу љубоморен. Таа посесивност стана неподнослива, но не сакав да му го оставам она што најмногу го сакам, пеењето“ изјавила неодамна Лепа.
Љубомората беше клучната причина што доведе до крајот на тој брак, а пејачката се сеќава на еден непријатен момент кој останал врежан во нејзиното сеќавање до крајот на животот.
„Се подготвив да излезам и повикав такси. Само што сакав да влезам во автомобилот, тој се појави, ме фати за врат и ме праша: „Каде отиде, јас му одговорив: „Никаде“, го плати таксито и му кажа на возачот дека „тоа е сè“. Цело време беше упорен во обидот да дознае каде одам, а јас само му кажав дека одам кај другарка ми Драгица. „Во еден часот навечер одиш кај Драгица?“, ме праша. „Да, ќе преноќам кај неа“, му одговорив. Името Драгица го измислив затоа што не сакав да му признаам каде навистина одам“ изјавила Лепа и додала дека агонијата не застанала тука:
„Почна да ме влече за ракавот. Му реков да престане или ќе повикам полиција. Во тој момент изгубил контрола и рекол: „Двајцата ќе завршиме вечерва“. Му реков да престане, бидејќи седум години не можев да поднесам да ме прогонува. Ме вовлече во колата. Додека возев се обидов да ја отворам вратата и да излезам, но тој со едната рака го држеше воланот, а со другата мојата рачка, спречувајќи ме да избегам. Ми рече дека одиме во шумата на Кошутњак да ги завршиме двајцата! Сакаше да ме убие мене и себеси“, раскажала Лепа.
На крајот Тома се согласил да се разведе од пејачката, а и покрај сите проблеми кои ги имале, Лепа не криела дека секогаш го почитувала.
Третиот сопруг беше нејзината голема љубов. Лепа го запознала Милан Милановиќ во Канада во 1999 година, а една година подоцна се омажила за него. Пејачката беше во брак со него до 2019 година, кога тој почина. За него најмалку се пишуваше во медиумите, а низ оваа врска не ги следеа скандали.