Лекувањето со јајца од препелица прави чудо, го препородува телото за 50 дена

Лековитите јајца од препелица содржат многу витамини и минерали, а меѓу нив се издвојуваат 0,5 мг калциум, 2,2 мг фосфор, 3,8 мг железо, 3 мг витамин А, 0,1 мг витамин Б1 и 0,8 мг витамин Б2.

Јајцата од препелица најчесто се употребуваат за лекување бронхитис, болести на нервниот систем, срцето, крвотокот, црниот дроб и бубрезите. Добри се и за лекување висок крвен притисок, бронхијална астма, мигрена, зголемен холестерол, дијабетес, чир на желудникот и на дванаесетпрсното црево, анемија…

Како се консумираат?

Јајцата треба да се пијат свежи и тоа секое утро на празен стомак половина час пред јадење, односно половина час пред појадок. За време на оваа терапија не е пожелно да се консумира алкохол. Не се препорачуваат за лица што имаат проблеми со жолчката. За полесно да се испијат, може да се изматат и да им се додаде мед, јогурт, сок од лимон, јаболко, портокал и сл.

Јајцата како лек се користат за лекување на следниве заболувања во наведените количини:

– 120 јајца за зголемен крвен притисок, чир на желудникот и дванаесетпрсното црево.

– 240 јајца за анемија, мигрена, дијабетес, гастритис, бронхитис, астма, атеросклероза, инфаркт, висок холестерол, нервно растројство, туберкулоза, премор по тешка физичка работа.

Лекувањето се спроведува така што болниот треба во одреден период да ја испие наведената количина. Првите три дена се пијат по три јајца, а потоа сѐ до крај по пет јајца дневно. Децата, во зависност од возраста, треба да консумираат помал број јајца и тоа: до три години – две јајца дневно, до пет години по три јајца и до 10 години по четири јајца на ден. Терапијата трае од 15 до 50 дена, а ако е потребно, може и да се продолжи. Растојанието од една до друга терапија не би требало да биде подолго од шест месеци.

За превентивни цели, јајца од препелица се препорачуваат за лица што се занимаваат со спорт, кои извршуваат тешки физички работи, за постарите лица, како и за децата во развој.

Терапијата се спроведува најмногу двапати годишно

Ако лекувањето по спроведената прва терапија не е доволно ефикасно, тогаш се препорачува да се повтори уште еднаш истата терапија. Терапијата може да се спроведува најмногу двапати годишно. Јајцата од препелица се чуваат во фрижидер во затворени картонски кутии при температура од 1 до 4 Целзиусови степени. Ако се вака чувани, имаат рок на употреба 60 дена во сурова состојба, а по 60 дена може да се употребуваат варени или печени. Но, кога се користат како лек, не треба да бидат постари од 30 дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот