Концертот ќе се одржи на 14 март во МКЦ

Легендарното швајцарско постиндустријал трио „Јанг гадс“ се враќа во Скопје

Во рамки на фестивалот „Таксират“ на 14 март во МКЦ концерт ќе одржат пионерите на индустрискиот панк и електронскиот рок „Јанг гадс“ (The Young Gods), група со повеќедецениска репутација на култна појава на европската алтернативна сцена.

Еволуцијата на звукот што го обликуваше идентитетот на авангардата сега добива ново поглавје – „Appear disappear“, новиот, 14-ти албум со кој „Јанг гадс“ се на обемна европска турнеја која почна минатата година, прославувајќи 40 години револуционерна музика.

Пред речиси две и пол декади „Јанг гадс“ имаа два настапа во Скопје, прво на „103 Фестивал“ во 1996 година, а потоа и на фестивалот „Таксират“ во 2001 година во некогашниот „Скопски саем“. Уште при првите средби станаа миленици на скопската публика, а тој ореол трае до ден-денес.

Во истата вечер во МКЦ ќе настапат и „Tout Bleu“, група со седиште во Женева, која со своите експериментални композиции создаваат возбудливи дела кои се наоѓаат некаде помеѓу дрон и индустриската музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот