ЛЕ: Јунајтед со „петарда“ во мрежата на ЛАСК! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Црвените ѓаволи“ со една нога се во четвртфиналето, а во иста позиција е и швајцарскиот состав на Базел кој го освои Франкфурт.

Се одиграа првите натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига Европа, екипите на Базел и Манчестер јунајтед се многу блиску до пласман во наредната фаза.

Базел со 0:3 пред празни трибини (поради епидемијата на коронавирусот) во Франкфурт убедливо совлада германскиот Ајнтрахт.

Стрелци на головите за швајцарскиот клуб беа Кампо во 27 минута, Потоа Буа во 73`, а конечниот епилог го постави Фреј (85`).

Манчестер јунајтед на празниот стадион во австрискиот Пашинг со 0:5 го декласираше ЛАСК и со една нога е веќе во четвртфиналето.

Во дресот на „црвените ѓаволи“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Игало, Џејмс, Мата, Гринвуд и Перејра.

Турскиот Башакшехир кој пак имаше имаше поддршка од трибините, минимално со 1:0 славеше над данскиот ФК Копенхаген. Победата на домаќините ја донесе Вишча од пенал во 88. минута.

Потсетување дека поради епидемијата на коронавирусот одложени се мечевите Севиља-Рома и Интер-Хетафе, додека вечерва од 21.00 часот играат Олимпијакос-Вулверхемптон, Ренџерс-Леверкузен и Волфсбург-Шахтјор Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот