ЛЕ: Ерменци за Ренова, Шкендија и Шкупи со ривали од Азербејџан!

Фото: Фејсбук/Шкендија

Денеска во Нион беа извлечени паровите во првото квалификациско коло на Лига Европа, така што македонските претставници ги добија своите ривали.

Ждрепката одлучи сите наши учесници да гостуваат на 27 август, Шкендија за противник го доби Сумгаит од Азербејџан, потоа Шкупи исто така ќе има ривал од Азербејџан, Нефчи, а Ренова ќе ги одмери силите против ерменскиот Алашкерт.

И во ова натпреварување поради ситуацијата со Ковид-19 ќе се игра само еден натпревар (пред празни трибини), а мечевите се закажани за 27 август, победниците ќе се пласираат во второто квалификациско коло на ЛЕ.

Лига Европа, 1. квалификациско коло (27 август)

Нефчи (Азербејџан)-Шкупи
Алашкерт (Ерменија)-Ренова
Сумгајит Сити (Азербејџан)-Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот