Лажица полна вкусови – Подгответе зелена чорба за целото семејство

Состојки:

1 главица кељ

300 грама пилешко месо

1 страк праз

1 главица кромид

масло за јадење

2  компири со средна големина

сол

црн бибер

50 грама црвен пипер

1 кисела павлака

Подготовка:

Во поголемо тенџере на оган, ставете да зоврие вода. Откако водата ќе почне да врие, во неа ставете ги да се обарат претходно разделените листови кељ.

Омекнатите листови измијте ги со ладна вода, а потоа оставете ги во цедалка да се исцедат од насобраната вода.

Додека се цедат листовите, во тава на оган ставете да се загрее потребното количество масло за јадење. Откако ќе ја постигне посакуваната температура, во маслото додајте ги ситно исечканите праз и кромид. Кратко пропржете ги, а потоа додајте ги парчињата пилешко месо. Потоа, додајте го и исечканиот и претходно исцеден кељ, компирот исечкан на коцки, а потоа зачинете, додајте околу две литри вода и оставете сето тоа да се вари околу еден час.

Откако ќе помине потребното време за подготовка, со рачен блендер измиксирајте ја целата смеса. Оставете ја да се олади малку, а потоа послужете ја чорбата со по една лажица павлака во секоја чинија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот