Лазаров донесе одлука: Следната сезона ќе биде последна за мене!

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Селекторот и капитен на најдобрата македонска репрезентација потврди дека и во натпреварувачката сезона 2021/2022 ќе ги брани боите на францускиот клуб Нант.

Воедно за официјалниот клупски сајт изјави дека следната сезона ќе биде последна во професионалната кариера на Кирил Лазаров кој официјално ќе се пензионира во јуни 2022 година на 42-годишна возраст.

– Донесов одлука, ќе ја играм последната сезона. Најважно е да се чувствувате добро, да не чувствувате болки. Јас секогаш сум во добра форма, го сакам спортот, ракометот и сакам да завршам без тешкотии.

Секогаш сум се трудел да бидам професионалец, сакам да тренирам секој ден, кога сум со млади ракометари, се чувствувам помлад – рече Лазаров за официјалниот сајт на Нант.

Да додадеме уште дека Лазаров со својот Нант нема да настапува во Лигата на шампионите, туку во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот