Лавров: „Обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднаа, Путин има голем број странски партнери“

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднаа бидејќи претседателот Владимир Путин има голем број различни странски партнери истакна денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој одржа говор во Советот на Федерацијата, што е горниот дом на рускиот парламент, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

„Политиката насочена кон изолација на Русија не успеа. Доволно е да се споменат бројни примери на интеракција меѓу претседателот Путин и неговите странски колеги. Ние, како што можете да видите во реалноста, сме подготвени за таков предизвик и ќе продолжиме цврсто да ја браниме нашата вистина“, истакнал Лавров.

Ние не се прилагодуваме на концептите и шемите предложени од други земји, додал тој.

„Ние сами ја обликуваме надворешнополитичката агенда, водејќи се од нашите сопствени приоритети, почитувајќи ги признатите норми на меѓународното право и земајќи ги предвид интересите на нашите партнери кои се подготвени да соработуваат со нас врз основа на взаемно почитување и уважување на суверените интереси“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот