Лауреус го прогласи Макс Ферстапен за спортист на годината

Ново признание за Макс Ферстапен/ фото: EPA-EFE/STR

Актуелниот формула 1 шампион, Макс Ферстапен е прогласен за спортист на годинава во историјата на Академијата Лауреус.

– Многу сум благодарен на Академијата Лауреус. Ова не е награда само за мене, туку за целиот тим кој стои зад мене и работи напорно за да имам шанси да победам – рече Ферстапен.

 

Во женска конкуренција, спортистка на годината е атлетичарката од Јамајка, Илејн Томпсон-Хера која стана олимписката шампионка на трките на 100 и на 200 метри како и на штафетата 4х100 метри на Игрите во Токио.

– Јас сум само втората жена што направила вакво нешто на Олимпијадата. Да се ​​биде втора најбрза жена во светот е навистина чест и привилегија, а исто така ми е чест што ја добивам оваа награда – рече Томпсон-Хера.

 

 

За најдобар тим е прогласена фудбалската репрезентација на Италија која минатата година триумфира на Европското првенство.

Фудбалерот на Баерн и на полската репрезентација Роберт Левандовски, кој минатата сезона постигна 41 гол за Баерн, ја доби наградата за посебен успех на теренот.

Сензационалната победничка на САД Опен, Ема Радукану ја доби наградата за најголем пробив во годината.

Наградата за „враќање на годината“ ја доби скејтерката Скај Браун, која успеа да се опорави по фрактура на черепот и да го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио. Таа е најмладата Британка што освоила медал на Игрите.

Легендарниот мотоциклист кој минатата година ја заврши кариерата, Валентино Роси, доби награда за спортска икона на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот