Лари Кинг предвиде, Илон Маск твитна и предизвика револуција во „зеленото рударење“ за спас на планетата: Блумберг се обидува да открие кој стои зад „зеленото“ крипто ЕлонСпејс

Кога криптовалутата станува зелена може да ја спаси животната средина, објави реномираниот магазин Форбс уште пред четири години.

„Тешко е да се замисли свет без климатизери, возила или интернет. Технологијата имаше големо влијание врз нашиот свет и луѓето кои ја инхибираат Земјата денес. Луѓето живеат подолго затоа што технологијата овозможи напредување на медицинските истражувања. Тие луѓе се во можност да живеат каде било во светот, во кој било вид на домување што може да се замисли и се во состојба да прават работи што дури и пред 30 години изгледаа невозможни. Но, напредувањето во технологијата се чини дека нема да запре во блиската иднина. Сепак и покрај тоа што технологијата ги унапреди нашите можности и ни овозможи да живееме поцелосни животи, таа има цена“, стои во написот што во 2018 го објави Форбс.

Едно од најголемите технолошки достигнувања познати на човекот е изумот на електрична енергија. Не е случајност зошто брендот за автомобили кој го создаде Илон Маск, кој според индексот на милијардерите на Блумберг се наоѓа на второто место на најбогатите луѓе во светот, е именуван токму според Никола Тесла.

ВИДЕО I Императорот на Марс предизвика крипто хаос: Дали Илон Маск тајно создава крипто валута?

Одамна не е енигма дека како што се зголемува побарувачката за електрична енергија, се зголемуваат и штетите на нашата планета Земја. Исто така, во моментов постојат повеќе студии меѓу која и таа на британскиот унверезитет Кембриџ дека како што напредува технологијата и се зголемува популарноста на криптовалутите ни треба се повеќе електрична енергија.

Кога светот беше фасциниран од растот на криптовалутите, легендарниот Лери Кинг беше еден од најважните реномирани инфлуенсери кој покажа интерес за развојот на зелена енергија и обновливи иницијативи како што се поголема ефикасност на зелените извори на енергија, нови обновливи технологии и нови форми на рециклирање. Тој дури и се приклучи на советодавниот одбор на токенот ГЕАР велејќи:

Фосилните горива го имаа својот најславен период, тие ни дадоа можност да готвиме оброци, да ги напојуваме своите домови и да патуваме низ светот. Зедовме од земјата за да напредуваме кон човештвото, сега прогресијата ќе дојде само кога човештвото ќе се врати кон земјата. Токенот ќе го инкубира и негува крипто-валутниот сектор со отстранување на потребата од конвенционални фосилни горива и понатаму ќе ја промовира и финансира употребата на Зелена енергија и обновливи извори со користење на брзорастечкиот сектор на крипто-валути за финансирање на операции на чиста енергија од големи размери.“

Илон Маск им постави прашање на твитерџиите, па цената на оваа криптовалута „одлета“ во небото

Така американскиот телевизиски и радиоводител го отвори патот на блокчејн и криптовалутите кон индустриската револуција на оваа генерација.

Само неколку години подоцна кои поминаа како еден миг, милијардерот Илон Маск го маѓепса целиот свет со своите револуционерни достигнувања во транспортот на Земјата со електричните автомобили Тесла и во вселената, преку ракетниот систем Спејс X.

Тој стана толку влијателен во светот на криптовалутите што од моментот кога тој почна да ја активира темата за „зелено рударење“, односно рударење на криптовалути кои користат обновлива енергија и твитна дека веќе нема да дозволува неговите автомобили да се купуваат со Биткоин од причина што рударењето за оваа криптовалута прави голема еколошка штета настана вистински земјотрес на крипто-пазарот. Сe се урна само за миг.

ВИДЕО I Императорот на Марс предизвика крипто хаос: Дали Илон Маск тајно создава крипто валута?

Но, колку и да тоне вредноста на криптовалутите, искусните во тргувањето со дигиталните пари велат дека светлото во тунелот на загубите предизвикани од драстичниот пад на Биткоинот и останатите криптовалути кои сè уште бредат најмногу, е токму инвестирањето во новите „зелени“ криптовалути чија мисија е инвестирање во производство на обновлива енергија за рударење.

Токму една таква, нова интерпланетарна „зелена“ криптовалута управувана од заедницата чија мисија е рударење базирано на обновливи извори на енергија го привече вниманието на Блумберг. Американскиот медиум забележа дека во официјалниот деловен регистар на Британија, д-р Елон Маск е именуван за директор на една компанија наречена Елонспејс која се појави скоро во исто време кога беше лансиран токенот ЕС3.

ВИДЕО I Императорот на Марс предизвика крипто хаос: Дали Илон Маск тајно создава крипто валута?

Енигмата дали зад криптовалутата ЕлонСпејс навистина стои Илон Маск бргу се разреши.

„Немам претстава за оваа компанија ниту некогаш сум рекол дека сме поврзани со неа“, рече Ставрос Модесту, коосновачот на интерпланетарниот токен на прашањето за ентитетот на Велика Британија.

Сепак, земајќи предвид дека криптовалутата ЕлонСпејс е базирана на создавање обновливи извори на енергија за кои ќе одлучува криптозаедницата и дека бројот на сопственици на токенот секојдневно расте останува да очекуваме дали Илон Маск еден ден ќе твитне дека го поддржува токенот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот