ВИДЕО I Императорот на Марс предизвика крипто хаос: Дали Илон Маск тајно создава крипто валута?

По твитот во кој Илон Маск соопшти дека производителот на електрични возила Тесла ќе го прекине купувањето автомобили со биткоин стотици милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути.
„Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоин, особено јаглен, кој има најлоши емисии од кое било гориво“, напиша Маск.
Tesla & Bitcoin pic.twitter.com/YSswJmVZhP
— Elon Musk (@elonmusk) May 12, 2021
Во средата околу 18 часот кога Маск го објави соопштението, вредноста на целиот пазар на криптовалути изнесуваше околу 2,43 трилиони долари. Пазарната капитализација до 20:45 часот се намали на околу 2,06 трилиони долари, бришејќи околу 365,85 милијарди долари.
Со тоа Илон Маск уште еднаш докажа дека е најголемиот инфлуенсер во крипто-индустријата за моментот.
Претходно „императорот на Марс“, се согласи со шефот на Твитер, Џек Дорси, кој рече дека биткоинот „поттикнува“ на создавање обновлива енергија, и покрај тоа што експертите предупредуваат на спротивното.
#bitcoin incentivizes renewable energy https://t.co/KCe5bwdVs4
— jack (@jack) April 21, 2021
Процената на Универзитетот во Кембриџ сугерира дека рударењето „Биткоин“ троши повеќе од 120 часа Терават (Twh) годишно. Во извештајот, исто така, се наведува дека биткоинот може да се рангира во првите 30 потрошувачи на енергија доколку е земја.
Вчерашниот твит на Маск отвара прашање дали тој се крие зад возбудата во светот на крипто валутите и тајно создава своја монета за да може да финансира патувања во вселената со парите.
Уште во ноември 2017 година поранешен практикант во Спејс X, Сахил Гупта веб-страницата Медиум рече дека Маск е веројатно креаторот на биткоин, Сатоши Накамото.
View this post on Instagram
Постојат многу криптовалути за кои се шпекулира дека се на Илон Маск. Но, вистинска возбуда и прашања дали е коинциденција лансирањето на интерпланетарниот Елон Спејс токен кој има мисија да инвестира токму во развивање зелени концепти за рударење на криптовалута, и изградба на фарми за рударење кои ќе се снабдуваат со хидро-соларна енергија со твитот на Маск. Дополнителна енигма за корисниците на Интернет е новата компанија неодамна регистрирана во Велика Британија, наречена „Елон Спејс“ каде името на Илон Маск се појавува како извршен директор.