ФОТО | Ламбе Алабаковски со емотивна објава: „Среќен небесен роденден, мама“
Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски денеска ја допре јавноста со емотивна објава по повод роденденот на неговата покојна мајка Маријана, која почина во 2006 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Среќен небесен роденден, мама“, напиша Алабаковски на својот фејсбук-профил, објавувајќи стара црно-бела фотографија од младоста на мајка му.
Маријана почина прерано, оставајќи длабока празнина во животот на својот син. Ламбе тогаш имаше само 18 години и токму тогаш ја доживуваше својата најголема слава на македонската музичка сцена.
Во едно претходно интервју за „Слободен печат“, пејачот зборуваше и за важната улога на неговото семејство, особено на татко му и баба му, кои му биле столб по загубата на мајка му.
„Татко ми е веќе пензионер и секогаш е на моја страна, поддршка за сѐ. Често знаеме и заедно да музицираме, да пееме – така се одржуваме и во добра кондиција. Мило ми е што е вљубеник во природата и планината“, изјави пејачот за „Слободен печат“.
Се присети и на својата баба Менка, која имала посебно место во неговото срце.
„Често ја спомнуваме баба ми Менка. Беше преполна со љубов кон сите луѓе – тоа ни остана како пример и спомен какви треба да сме кон луѓето: со многу љубов и разбирање. Често пеевме заедно. Сакаше да пееме и да ме гледа кога настапувам. Велеше: ‘Од сите талентирани во фамилијата, ти најмногу успеа. Да си ми здрав и жив’“, раскажа Алабаковски.
Интервју со Ламбе Алабаковски: Моите претрпеа страв да не останам по судници


