„Квантас“ отпушта 6.000 вработени, компанијата ќе приземји 100 авиони

Речиси 15.000 работници ќе останат на принуден одмор се додека компанијата не почне да го зголемува бројот на летови.

„Квантас ервејс“ планира да го намали бројот на вработени за 20 отсто со цел да собери до 1,9 милијарди австралиски долари, капитал во рамки на амбициозниот план за заштеда и намалување на трошоци донесен за справување со пандемијата од корона вирусот.

Австралиската авио – компанија денеска исто така соопшти дека ќе приземји 100 летала на период од 12 месеци и одма ќе го „пензионира“ остатокот од флотата на авионите „Боинг 747“ на шест месеци пред планираниот рок, со оглед на ограничувањата за патување кои ги наметна глобалната здравствена криза.

Генералниот директор Алан Џојс изјави дека компанијата ги смета за „реални“ преземените чекори со оглед дека според нив меѓународните летовинема да бидат обновени во поголем обем до јули 2021, пренесува „Ројтерс“.

Тригодишниот план на штедење, покрај заштеда на расходите за гориво во износ од 15 милијарди австралиски долари, предвидува и прво собирање на капитал на оваа компанија за период поголем од десет години.

Најавено е и отпуштање на 6.000 работници од вкупно 29 илјади во сите сектори, при што најголем дел ќе бидат административци и вработени на аеродромите, а остатокот ќе биде мешавина од кабински персонал, инженери и пилоти.

Покрај тоа, 15.000 работници ќе останат на принуден одмор се додека компанијата не почне да го зголемува бројот на летови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот