Квалификации за ЛШ: Минимален пораз на Адеми и Ристовски во Норвешка, Барди дебитираше за Трабзонспор

фото: EPA-EFE/Mats Torbergsen

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, доживеаја минимален пораз од 1:0 на гостувањето кај Бодо/Глимт во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групаната фаза во Лигата на шампионите. Норвешкиот првак подобрата игра во првото полувреме ја круниса со голот на Пелегрино во 37. минута. Адеми и Ристовски ги одиграа сите 90 минути за Динамо Загреб.

Енис Барди токму во квалификациите за пласман во ЛШ ги одигра првите минути за новиот тим, турскиот шампион Трабонспор кој е поразен со 2:1 на гостувањето кај Копенхаген.

Барди не беше дел од првиот тим, туку влезе во игра во 58. минута на местото на Сиопис и тоа во моменти кога Копенхаген имаше водство од 2:0 со головите на Клаесон и Лерагер. Во финишот, Трабзонспор успеа да намали преку Бакасетас во 79. минута.

Во Глазгов на „Ајброкс“ стадионот, Ренџерс и ПСВ Ајндховен одиграа спектакуларен натпревар кој заврши со четири постигнати гола (2:2). Шкотскиот тим беше подобар на теренот, дури имаше „помош“ од гостинскиот голман Бенитес кој направи голем кикс, но сепак играчите на ПСВ успеаја да се изборат за позитивен резултат пред реваншот идната недела што ќе го играат пред своите гледачи.

ПСВ поведе со голот на Сангаре во 37. минута, но само три минути подоцна Ренџез дојде до израмнување преку Чолак.

Во 70. минута, Лоренс изведе слободен удар од 30-тина метри, а голманот на ПСВ, Бенитес очајно реагираше и му испадна топката од раце и заврши во неговата мрежа.

Сепак, холандскиот тим само осум минути подоцна успеа да постигне гол преку Обиспо за конечни 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот