Курти по средбата со Вучиќ: Ќе биде тешко, но јас сум оптимист

Албин Курти / Фото: ЕПА

Премиерот на Косово, Албин Курти, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брисел, во рамките на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, изјави дека од негова гледна точка, средбата била конструктивна и „за суштината на проблемот “.

„Немало никакви инциденти или ситуации кога би биле на работ на инцидент. Ќе биде тешко, но јас сум оптимист. Сега имаме искрен пристап кон проблемите и суштината на нашиот конфликт е недостатокот на меѓусебно признавање – ниту Србија го признава Косово, ниту Косово ја признава Србија. Тоа треба да се промени “, рече Курти.

Заедно можеме да одиме по европскиот и евроатлантскиот пат многу побрзо отколку што мислат другите. Нашите односи треба да се подобрат врз принципот на реципроцитет – национален совет за Албанците и Бошњаците што постои во Србија може да се формира и на Косово за Србите, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот