Курти: Целиме кон организирање заеднички владини седници со Македонија и Црна Гора

Фото: Твитер

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска во Лондон се сретна со преставници на Европската банка за обнова и развој и премиерите на земјите од Западен Балкан.

Тој потенцираше дека цели кон одржување заеднички владини средби со владите на Македонија и Црна Гора.

– Со Албанија веќе имаме 77 договори, ќе дадеме нова енергија и динамика за нивно имплементирање. Како влада на Косово ќе работиме и со владата на Црна Гора и на Северна Македонија на проекти од заеднички интерес и целиме кон организирање на заедничка средба со нивните влади – вели Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот