Кумата на Лепа Брена оди во затвор: Осудена „кралицата на естрадната автомобилска мафија“

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Tatjana Miokovic

Пресудата на Високиот суд во Белград денеска ги осуди членовите на таканаречената автомобилска мафија, чии водачи Зоран Јанковиќ и неговата невенчана сопруга Татјана Миоковиќ, инаку позната како кума на Лепа Брена, продавале украдени возила на припадници на српската естрада.

Пред Специјалното одделение на Високиот суд во Белград, Татјана Миоковиќ е осудена на затворска казна од две години и два месеци, како и парична казна од 300.000 динари, додека нејзиниот партнер Зоран Јанковиќ е осуден на шест години и шест месеци затвор, како и парична казна од еден милион динари.

Како што претходно соопшти Јавното обвинителство за организиран криминал, обвинителниот акт е поднесен против Зоран Јанковиќ, Марио Бакалиќ, Милан Јариќ, Горан Ловриќ, Бошка Тарајиќ, Золтан Молнар, Татјана Миоковиќ, Иван Ќириќ, Младен Мишчевиќ и Божовиќ Бранислав.

Тие се обвинети за перење пари и фалсификување документи како членови на организирана криминална група.

„Обвинетите се товарат дека како дел од организирана криминална група набавиле моторни возила кои потекнуваат од криминални дејствија, прикривајќи го нивното потекло со фалсификувани документи, преземале дејствија за царинење, а потоа ги продавале овие возила, при што оствариле значителни приходи“, се вели во соопштението на обвинителството.

Да потсетиме, Татјана Миоковиќ, кумата на Лепа Брена, која беше прогласена за „кралица на естрадната-автомобилска мафија“, со невенчаниот сопруг Зоран Јанковиќ и уште осуммина обвинети, учествувала во трговијата со скапи украдени автомобили, а била во обвинение дека се погрижила полицијата да не ги разоткрие, туку и да финансира фалсификувани документи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот