Крстевски: Наше е да се бориме до посакуваниот резултат против Естонците!

фото: kfsm.mk

Селекторот Тодоров вели дека околу составот имаше мали проблеми по тестот со Гостивар, некаква вироза оддалечи некои кошаркари од тренажен процес.

Македонската најдобра машка репрезентација в четвтрток од 20.15 во А1 арената при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одигра првиот натпревар во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Прв противник ни е Естонија, познат должник, а потоа нашиот тим веднаш ќе замине за Русија.

– Влегуваме во последните неколку часа пред првиот натпревар. Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по пријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени и за нашиот вечерен тренинг – изјави селекторот на селекцијата, Александар Тодоров.

Билетарата пред А1 арената ќе се отвори напладне. Еден билет чини 100 денари, а сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

– Имавме неколку заедно, можеби не беа премногу, но сепак доволно. Задоволен сум и од тактички и од физички план. Наше е сега да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат – вели репрезентативецот Бојан Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот