Крстевска: Важна е родовата еднаквост во спортот, сè повеќе се зголемува бројот на жени атлетичарки

Претседателката на АФМ Александра Војнеска-Зикова и Ана Крстевска, членка на УО при АФМ/Фото: Невена Тодоровска

„Да… и жените можат!” под ова мото на Пелистер, Атлетската федерација на Македонија го организираше семинарот Жени лидерки преку кој имаше за цел да докаже дека спортот, а преку него и атлетиката има моќ да ја направи родовата еднаквост реалност.

Ана Крстевска, членка на Управниот одбор при АФМ, вели дека главна тема е родовата еднаквост, нешто што оваа федерација работи постојано. Добро е познато дека на чело на АФМ стои дама во името на Александра Војнеска Зикова.

– Станува збор за семинар кој одработува теми за жената, спортот, лидерството, родовата еднаквост. Ова се теми кои што интензивно се говорат во глобални рамки. 25 учеснички од 16-тина клубови беа дел од овој семинар.

Систем на поддршка за повеќе учеснички во спортот на сите нивоа/Фото: Невена Тодоровска

Нашиот предизвик го исполнивме а тоа е да воспоставиме едно вмрежување, еден систем на меѓусебна поддршка со цел да се унапредат жените односно да се зголеми нивната бројка како учеснички во спортот на сите нивоа.

Како Федерација ова е наша цел заедно со претседателката Александра Војнеска Зикова која после долги години таа е прва жена претседателка во Атлетската Федерација. Таа е жена која што е визионерка и интензивно работи на инклузивност односно вклопување на жените во спортот на секое ниво, од органите на управување до тренерите и сите жени учеснички како официјални, партиципацијата на жените во спортот – вели Крстевска.

Семинарот беше организиран од страна на АФМ а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот